Драма во домот на англискиот актер: Колин Фирт призна дека жена му имала афера со маж кој ја следи


Англија– Англискиот актер Колин Фирт призна дека жена му Ливија имала афера со новинарот Марко Браначија кој сега и се заканува и ја следи.

– Пред неколку години, Колин и Ливија решија да се разделат. Во тој период Ливија имала куса врска со нејзиниот стар пријател Бранкачија. Фиртови оттогаш повторно се заедно, изјави претставник на семејството.

Џуџиоли го пријавила Бранкачија (55) пред полициските органи, затоа што, како што таа тврди, нејзиниот некогашен пријател почнал да ја вознемирува, пишува италијанска „Ла Република“. Италијанката се пожалила дека Бранкачија и се заканува преку телефонски повици и и остава застрашувачки пораки.

Бранкачија, пак, за италијанските медиуми изјави дека тоа се измислици.

– Обвинувањата се лажни. Ние имавме романса, а таа сакаше да го напушти Колин заради мене. Ми рече дека нејиниот брак со години е мртов, изјави Бранкачија.

Фирт (57) и Џуџиоли (48) се во брак веќе 20 години и имаат два сина.