Драмата за Јувентус на премиерата на Роналдо


Јувентус славеше против Киево на отворањето на Серија А онака што би се кажало јувентусовски – со гол во 93 минута (3:2). Прв пат по 1998 година Јувентус во премиерниот меч примил повеќе од еден гол. Беше тоа во победата над Перуџа од 4:3. И секако дека во таков случај не може да биде се глатко ниту на премиерата на Кристијано Роналдо во црно-белиот дрес!

Голот на одлука го постигна Бернардески. Заби Јуве и некоја минута порано, но поништен беше голот на Манџукиќ. Топката ја мина гол линијата, но по прегледување на снимката главниот судија досуди слободен удар за Киево поради играњето со рака на Роналдо. Јуве поведе во третата минута со голот на Кедира, но потоа Киево направи пресврт со головите на Степински и Гиакерини. Но, Јуве веќе одмана е мачка со девет животи. Најпрвин израмни преку Бонучи, а потоа дојде и голот на одлука на Бернардески.