ДПА од Чаир ја започнува кампањата за референдумот под мотото „Чекор напред ЗА НАТО и ЕУ“


Под мотото „Чекор напред ЗА НАТО и ЕУ“,  ДПА денеска од Чаир ќе ја започне кампањата за референдумот што ќе се одржи на 30 септември.

Денешниот митинг партијата ќе го оддржи во 19:30 часот во Детскиот театарски центар во Старата скопска чаршија.

Во петокот, како што се наведува во партиското соопштение, ДПА избра изборни штабови во Липково, Куманово, Арачино, Бутел, Чаир, Шуто-Оризари, Велес, Чашка, Кисела Вода, Сопиште, Сарај, Желино, Теарце, Тетово, Брвеница, Боговиње, Неготино-Врапчиште, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Долнени, Крушево и Битола.

– Од денеска ДПА почнува со оддржување на митинзи и други форми на средби со граѓаните, со цел зголемување на поддршката за референдумот што ќе се оддржи на 30 септември, се наведува во соопштението на ДПА.