ДПА: Бардиљ Даути-министер без ресор, Митaсин Бекири-заменик во транспорт во реконструираната Влада на Заев


Бардиљ Даути, како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, и Митасин Бекири, како заменик министер за транспорт и врски, се предлозите што произлегова од денешниот состанок на Централното собрание на ДПА во Тетово, информира по неговото завршување портпаролот на партијата, Луан Треси.

Тој посочи дека претходно членовите на Централното собрание по дискусијата решиле да се прифати понудата од премиерот Зоран Заев и ДПА да стане дел од владејачката коалиција.

За останатите кадри со кои ДПА ќе партиципира во власта, Треси најави дека имињата ќе се утврдуваат на состаноци на соодветни работни групи.