Дојде првата гринфилд инвестиција според новиот план на Владата


На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување на договорот за долготраен закуп на градежно земјиште во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 со Друштвото за трговија, услуги и производство Џемдаг Лајтинг Еуропа.Ова е прв договор за гринфилд инвестиција според критериумите од новиот план за економски раст кој беше промовиран непосредно пред Нова година, кој е вреден 5 милиони евра и предвидува 100 нови вработувања.

Владата го разгледа и утврди исто така новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства.Со предложените решенија веледрогериите се задолжуваат да обезбедат пообемна документација која се однесува на квалитетот на лековите кои се предмет на паралелен увоз.

Дополнително со овој предлог-закон се прецизира начинот на издавање на одобрението за паралелен увоз во смисла на утврдување на критериуми и тоа со обезбедување Сертификат за квалитет на лек што e предмет на паралелен увоз, приложен во оригинал. Сертификатот за квалитет треба да биде издаден од страна на производителот на лекот или од лабораторија овластена од надлежен орган на земјата производител или од земјата извозник на лекот.