Дојдете во ЦУКС да видите како работат семафорите и камерите


Во сабота заинтересираните граѓани ќе можат да видат како функционираат семафорите и камерите по скопските улици, како се регулира сообраќајот, а ќе добијат одговор и на други прашања од надлежните во Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС). Град Скопје, кој е основач на Центарот, информира дека всушност во сабота од 10 до 14 часот ќе се одржи отворен ден во ЦУКС кој е лоциран на Меѓуградската автобуска станица.

Сите заинтересирани лица кои сакаат да го посетат Центарот треба да се пријават до утре до 15 часот на телефонскиот број 02-3297-265 или преку електронска пошта на адресата [email protected].

Градските власти потенцираат дека ЦУКЦ ќе можат да го посетат само лица кои се пријавиле согласно со горенаведените услови, додека самите посети ќе се организираат во групи од по 10 лица.

„Посетителите треба да имаат документи за идентификација, а пред посетата ќе треба да потпишат изјави за доверливост на информации. Фотографирање во Центарот за управување и контрола на сообраќајот е забрането“, информираат од Град Скопје.