„ДНК“ со промоција на албум и сингл


Вечерва, по полноќ, во летниот ноќен клуб „ХЛ“, поп-групата „ДНК“ ќе ги последниот албум “The Best Of” и синглот “Дијамант”,

Панчо и Андреј ќе настапат заедно со нивниот комплетен бенд составен од 9 члена (гитара, сајзер, сакс, тапани, бас и придружни вокали), а за загревањето на атмосферата ќе се погрижи диџеј Fitty Flow. Предвидени се и специјални гости, Дани Димитровска и Теодора Трајковска, како и уште две изненадувања од ДНК challenge-от што беше актуелен по социјалните платформи.

Главен акцент ќе биде ставен на албумот “The Best Of” кој беше промовиран кон крајот на мај, а ќе бидат изведени и некои од нивните најпопуларни хитови од претходните материјали, меѓу кои “Што сака нека биде”, “Срце”, “Уште еден ден”, “Ѕвер”, “Фрази љубовни”, “Пола човек”, ”Невозможна мисија”, “Најмила”, ”Таа тоа го крие”, “Навлечен на тебе” “Таа тоа го крие”, “Авион”, ”Полна месечина”, “Она е од Шутка”, “Од утро до мрак”…

Првите 200 посетители ќе добијат подарок, односнопоследниот албум “The Best Of”.