Дипломатски стил: Чистата елеганција на Курц и Столтенберг


Генералниот секретар на НАТО, Норвежанецот Јенс Столтенберг (59) и австрискиот канцелар Себастијан Курц (32) донесоа чиста и едноставна елеганција во Скопје. Висока дипломатија покажаа и со стилот-тегет костуми искомбинирани со бела класична кошула и тегет вратоврски. Никаков накит, освен рачен часовник.

Од различни генерации и поднебје, а сепак заеднички им се добриот вкус, почитување на дипломатскиот протокол, негуван изглед и топ-форма. Нема место за претерување ниту приватни желби, туку строги и чисти линии, и удобност во носењето на очигледно брендираните, но ненаметливи парчиња машка облека.

На првиот човек на НАТО, Столтенберг, висок 187 см, костумите му стојат перфектно. На официјалните средби, речиси секогаш е во костум, во црна или тегет боја, само во изборот на бојата на вратоврските е послободен. Приватно е женет и татко на две деца.

Курц, најмладиот канцелар во историјата на Австрија, исто така, секогаш е среден и со сериозен изглед, костумите ги носи и со и без вратоврска, а поради атрактивниот изглед е на мета на австриските и светски медиуми. Не  е оженет, и со девојката Сузана, за која многу малку се знае, е во врска 13 години.

Л. Сабит      Фото: Б. Грданоски