Димитров на Фејсбук: Со среќа Стево!


Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров попладнево преку порака на Фејсбук му го честиташе изборот на Стево Пендаровски, кого го изгласаа делегатите на Конгресот на СДСМ и ќе биде заеднички претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ и на уште 29 политички партии од владејачката коалиција на изборите на 21 април.

-Ни требаат и фер, мирни и демократски претседателски избори и избор на претседател кој ќе биде принципиелен партнер на владата во реализацијата на историската цел. Принципиелен партнер, но и коректив на начинот на водење политика. Мислам дека изборот меѓу кандидатите, посебно меѓу госпоѓата Силјановска и Стево Пендаровски нема да ви биде особено тежок. Со среќа Стево!, напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил.