Димитров и Коѕијас вечерва на средба во Виена, утре со Нимиц


Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас се среќаваат вечерва во Виена, на нова преговарачка рунда за спорот за името. Како што соопштија од македонското МНР, двајцата утре ќе седнат на заедничка маса и со медијаторот на ОН Метју Нимиц.

Средбата на двајцата шефови на дипломатии се очекуваше кон крајот на неделата во Софија, но фактот дека локацијата беше откриена во јавноста најверојатно е причината поради која таа се одржува многу порано и во Виена, иако овој град беше спомнат и претходно како можно место за одржување на преговорите.

Се очекува на оваа средба Коѕијас да дојде со фамозниот нацрт-документ за евентуалниот договор меѓу Македонија и Грција. Ова е втора средба Димитров – Коѕијас која се одржува далеку од очите на јавноста, иако таков драматичен интерес за преговорите нема ниту во Македонија ниту во Грција.