ДИК: Излезеноста до 11 часот изнесува 8,03 отсто


Своето гласачко право на референдумот, до 11 часот го искористиле 8,03 отсто од гласачите, по обработка на 92,06 отсто од добиените податоци, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на втората денешна прес-конференција.

Досега се доставени седум приговори до ДИК, од кои три се одбиени, додека четири се во обработка. Во функција е телефонската линија за пријавување неправилности.

Следната прес-конференција е закажана за 13.30 часот.