Дикректорот на „Изи џет“ си ја намалил платата за да биде иста со таа на неговата претходничка


На новиот извршен директор на британската авиокомпанија „Изи џет“ Јохан Лундгрен платата ќе му биде намалиена за да биде иста како таа на неговата претходничка Каролин Меккол.

Во рамки на борбата против нееднаквоста помеѓу заработката на мажите и жените, платата на новиот директор на „Изи џет“ ќе биде намалена од 740.000 фунти (1,04 милиони долари) на 706.000 фунти, колку што била платата на Маккол, која на почетокот на оваа година стана директор на британската телевизиска мрежа Aј- Ти-Ви (ITV).

Лундгрен порача дека „Изи џет“ е посветен на тоа жените и мажите да имаат еднакви плати и можности.

– Сакам тоа да се примени на сите во „Изи џет“, а да ја покажам својата лична посветеност, побарав од Управниот одбор да ми ја намали мојата плата за таа да биде еднаква со платата на Маккол кога таа беше во „Изиџет”, се вели во неговото соопштение.

На претходната работа во патничката групација TUI, Лундгрен бил платен 875.000 фунти (1.09 милиони долари).