Дизајнерски потпетици на Лубутин: Војна на ѕвездите


САД – Силата е со овие потпетици. Лукас филм ја промовираше новата колекција на дизајнерски чевли на Кристијан Лубутин инспирирани од Војна на Ѕвездите: Последниот Џедај. Лубутин дизајнираше пет оригинални стилови според филмските теми и ликови – и иако овие чевли нема да може да се најдат во малопродажба, Џедај мастерите со длабоки џебови ќе можат да се наддаваат за нив на хуманитарна аукција за фондацијата Starlight Children.
Дизајнерот Лубутин претходно креираше чевли за Дизниевите Пепелашка и Господарка на Злото. Тој призна дека се двоумел за идејата за колекцијата за Војна на Ѕвездите, сѐ додека не ја видел визуелната колекција меѓу  црвената планета Креит на Последниот Џедај и неговите препознатливи црвени лакирани чевли.

Колекцијата вклучува четири карактерни чевли инспирирани од филмските хероини и „ревиски чевли“ кои ќе бидат промовирани на филмската премиера. Чевлите за Реј (Дејзи Ридли) се сандали со кожно ремче на глуждот, кои го истакнуваат нејзиниот костум кој е проѕирен ПВЦ што ја претставува Силата, како и сини чизми на високи потпетици каков што е нејзиниот лајтсејбер.  Заменик Адмиралот Холдо (Лора Дерн) доби потпетица која одговара на нејзиниот елегантен костум. Новиот лик Роуз (Кели Мари Трен), која не делува на тип што носи високи потпетици, ја доби интерпретацијата на Лубутин за “утилитарни сандали“; сандалата со мали додатоци делува на „внатрешна потпетица“, која симболизира на „школката која го штити нејзиниот силен дух“. И за крај, капетанот Фазма (Гвендолин Кристи) е претставена со сребрени кожни чевли кои ги претставуваат облините на нејзиниот оклоп.

„Чевлите на Отпорот“ (Тhe pièce de résistance) од колекцијата Последниот Џедај на Лубутин се „ревиското шоу“, кои ќе бидат промовирани на премиерата на „Последниот Џедај“ во Лос Аџелес, презентирани во “хипер-реалистилна холограмска инсталација“, дизајнирана од Industrial Light and Magic и реализирана од членови на Праеторијанската Гарда.

Венити Фер има нацрт од тајните чевли, кои наликуваат на вселенски брод, а високата потпетица наликува на познатите Балерина Ултима потпетици на Лубутин. Овие чевли не се наменети за движење, освен ако тој што ги носи има супермоќни способности за балансирање.