ДЗС: Зголемен бројот на претстави и посетители во професионалните театри


Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри во 2016/2017 година е зголемен за 10.3 проценти, а бројот на посетителите е повеќе за 2.1 проценти во однос на 2015/2016 година. На една претстава просечно имало 185 посетители, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

– Во 2016/2017 година во однос на периодот 2015/2016 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 4.8 отсто, а бројот на посетителите е намален за 7.1 отсто. Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 16.1 проценти, а вкупниот број на посетителите е намален за 23.2 проценти, наведува ДЗС.

Намален е и бројот на концертите и бројот на посетителите на Филхармонијата во 2016/2017 година, во однос на 2015/2016 година.

– Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2016/2017, во споредба со 2015/2016, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти), а намален е и бројот на посетителите, информира Државниот завод за статистика.