Дете повредено во сообраќајка кај Мајчин дом


Дванаесетгодишно дете – велосипедист е повредено во сообраќајната несреќа што се случила вчера во близина на „Мајчин дом“ во скопски Аеродром.

Како што е наведено во полицискиот билтен , вчера околу 11:20 часот на ул. „Васко Карангелевски“ во Скопје, во близина на „Мајчин дом“, патничко возило „Нисан Микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од скопјанецот Г.Ж.(50), удрило во велосипед управуван од 12-годишно момче од Скопје.

Од ударот детето се здобило со повреди и со возилото на возачот било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.