Детален неделен хороскоп


ОВЕН

Работа: Со полната месечина во петок се соочувате со зголемен стрес, недоразбирања и аргументи, за кои е важно да не ги сфатите премногу лично. Внимавајте кому и што зборувате.
Љубов: Штом Месечината прејде во Вага ќе сфатите колку е есенцијално да комуницирате со саканите, ако сакате вашата врска да опстане. Сега е многу важен вашиот удел во романсата.
Здравје: Силните космички енергии укажуваат на тоа дека ќе треба да внимавате и да не се ангажирате во ризични и опасни ситуации. Немојте да сте нетрпеливи и возете внимателно.

БИК

Работа: Оваа недела би можеле да наидете на недоразбирања на работното место или да бидете погрешно сфатени. Бидете смирени и објаснете се најдобро што можете. Информации.
Љубов: Полната Месечина во Девица ќе отвори шанси за романтични средби, но вие ќе се борите со дилеми дали ова е вистинското нешто. Бидете отворени и чујте ја и другата страна.
Здравје: Земајте ги своите лекови на време и дозволете им на жените во вашиот живот да се погрижат за вас. Вежбајте ја меморијата и бидете искрени со себе за работите кои ве мачат.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Позитивни пресврти на ова поле – ако сте незадоволни со работата, би можеле да ја напуштите во име на некој подобар ангажман. Сега е време да бидете храбри.
Љубов: Ќе има доста преговарања за да ги усогласите вашите потреби – зборувајте за вашите чувства и надежи. Самците од овој знак ќе имаат многу нови шанси за средби и комуникација.
Здравје: Ретроградниот Јупитер укажува на промени кои ќе треба да ги прифатите. Сега ќе биде добро да го држите стресот под контрола – соодветна исхрана, солиден одмор и време за вежба.

РАК

Работа: Одеднаш би можеле да добиете напредување или зголемување на платата, а во што секако ќе уживате. Доколку пак барате работа, би можеле да ја добиете токму саканата.
Љубов: Можеби размислувате со љубените да ја подигнете вашата врска на едно повисоко и позрело ниво, па може да почнете да живеете заедно. Мирен, среќен и задоволен период.
Здравје: Вашата кондиција е добра за сега, а информациите околу здравјето треба да ви одат во прилог. Сега ѝ се радувате на иднината и размислувате како да го одржите доброто здравје.

ЛАВ

Работа: Сега не е време за ризични вложувања, туку за соочување со работите на директен начин. Бидете свесни за реалноста и за средствата што ги имате за да се изборите со животот.
Љубов: Иако ви е потребна промена и освежување на врската, се чини дека сте уплашени токму од овие работи. Интуицијата ви кажува дека нешто се менува – бидете отворени за тие промени.
Здравје: Внимавајте како се движите на снегот и како ракувате со работите. Возете внимателно и имајте трпение за сѐ – овој интензивен период ќе мине брзо. Задржете го позитивниот став.

ДЕВИЦА

Работа: Полната месечина во вашиот знак ве прави немирни и во дисхармонија со себеси. Не ја напуштајте работата среде процес – бидете издржливи и истрајте во напорите.
Љубов: Важно е да најдете време за својот партнер, а и да сфатите дека можеби и другата страна е преморена поради други причини. Не ги сфаќајте работите лично, туку сменете тактика.
Работа: Сега сте спремни да ги оставите погрешните уверувања зад себе, а така ќе си ја вратите благосостојбата. Сепак, ќе мора да одмарате бидејќи се чини дека сте се префорсирале.

ВАГА

Работа: Дојдени сте до точка кога знаете што е најдобро за вас и вашето размислување е појасно. Размислете кои се вашите следни чекори и дали е добро да останете таму кај што сте.
Љубов: Доколку сте во врска, сетете се дека и за љубов, но и за војна се потребни двајца – проблемите речиси никогаш не се грешка на едната страна. Поработете на врската и не брзајте.
Здравје: Сакате да преземете некои чекори да си го подобрите здравјето, но не мора одеднаш да мислите за до крај на животот, но преземете чекор по чекор во подобрување на состојбата.

СКОРПИЈА

Работа: Ретроградниот Јупитер може да доведе до ситни грешки на работното место, кои ќе резултираат во големи проблеми. Бидете внимателни со важните документи и дописки.
Љубов: Сега ќе треба да се соочите со неопходни промени за да профункционира вашата врска. Комуникацијата треба да е мирна и добра – изберете ги најдобрите зборови за да се изразите.
Здравје: Ќе треба да се прашате што тоа во вашиот живот предизвикува дисбаланс – дали јадете премногу? Премалку? Не вежбате доволно? Коригирајте се и ќе се почувствувате подобро.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Се чини дека не ја користите својата сила ефективно, како да немате потребна дисциплина и сила. Можеби пак форсирате премногу, а другите не го делат вашиот ентузијазам.
Љубов: Нетрпението може да предизвика да изгубите многу на што сте работеле заедно. Постои причина за поговорката дека добри работи им се случуваат на оние што знаат да чекаат.
Здравје: Сте се зафатиле и распалиле да ја подобрите општата состојба, а што е добро, но не се занесувајте со кршење на рекорди и постигнување на брзини за да не го постигнете обратното.

ЈАРЕЦ

Работа: Аспектите укажуваат на тоа дека може да се соочите со натпревар на ова поле, но ако ги изиграте картите добро, ќе може да триумфирате успешно. Играјте фер и искрено.
Љубов: Личноста за која што сте заинтересирани е меркана од повеќе луѓе, но иако е така, сепак дајте го најдоброто од себе. Знајте дека сте вложиле сѐ што сте можеле во овој однос. Романса.
Здравје: Може да се соочите со ситници кои ќе ве фрустрираат по малку, а сѐ што ќе ви треба е еден солиден одмор и сон. Можеби претерувате во нешто, а што не му одговара на здравјето.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ретроградниот Јупитер ќе ви донесе надежни ситуации кои ќе ве инспирираат и охрабрат да останете на местото каде што сте. Балансирајте со новите понуди.
Љубов: Ова е одлично време кога може да сретнете некоја нова личност, доколку барате. Новата романса нема да се случи туку така, па најдете време за излегување и дружење. Забава.
Здравје: Ова треба да е прекрасна недела, а ако чекате резултати од некои анализи, тие би требало да се со поволен исход. Ќе бидете ви мир со себе и инспирирани. Водете грижа за себе.

РИБИ

Работа: Работите се менуваат – еден момент сте горе, другиот веќе долу, но не се плашете да ги следите своите соништа, без оглед каде можат тие да ве однесат. Сѐ минува.
Љубов: Се чини дека оваа врска не ги исполнува сите ваши потреби, па ќе треба да поработите на тоа да го постигнете саканото. Ако сте сами, излегувајте со пријателите и запознавајте нови.
Здравје: Сега не е добро да им се спротивставувате на промените, тоа нема да ви чини добро. Прашајте се што му годи на вашето тело и дајте му го тоа. Проверете како се храните. Одмор.

Ирена Танчева [email protected]