Детален неделен хороскоп


ОВЕН

Работа: Ретроградните планети во Јарец укажуваат дека се соочувате со тешкотии на ова поле, но сега сфаќате дека вие сте единствените што може да си помогнат. Нова надеж.
Љубов: Со Месечината во Вага ќе научите дека може да постигнете успешна врска, само ако се адаптирате – тоа не значи дека треба да се смените комплетно, туку да најдете вистинска мера.
Здравје: Не им дозволувајте на постоечките тешкотии да се продлабочат, туку најдете време и сила да спречите, отколку да лечите, бидејќи може да си нанесете сериозни проблеми. Одмор

БИК

Работа: Ова е поволен период за почнување нови проекти, а за кои ќе треба добро да размислите и да одберете што е најдобро за вас. Можеби ќе треба да почекате на резултатите.
Љубов: Ретроградните планети во Јарец ви предизвикуваат одредена тага и тешкотија и за сега ќе треба да се помирите со дадената ситуација. Сепак, верувајте им на своите инстинкти.
Здравје: Обидете се да живеете со побавно темпо, кое и онака ви одговара – ова важи за следните три месеци, а за кое време ќе медитирате на своите идни планови. Релаксација и мир.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Со Полната Месечина на 30 мај, можно е да се соочите со неочекувани конфликти или информации, за кои ќе ви треба време да решите како ќе одговорите. Неправда.
Љубов: Со Венера во вашиот знак, комуникацијата добива на важност – кажете го тоа што го мислите и мислете го тоа што го кажувате. Барајте подлабоко значење во искажаните зборови.
Здравје: Доколку се соочувате со потреба за сериозен потфат, обидете се да дојдете до повеќе мислења, а информациите зачувајте ги за себе – не нужно мора да ги споделувате со сите. Мир.

РАК

Работа: Со транзитот на Месечината низ Стрелец, може да заклучите дека сте спремни за нов работен ангажман, особено ако сте незадоволни до сега. Можно е некој да ве искористува.
Љубов: Сега е крајно време да го спуштите гардот и отворено да проговорите што тоа не чини во вашата врска – се работи за недоверба или неверство? Соочување со реалноста. Промени.
Здравје: Ако чувствувате некакви симптоми, имајте во предвид дека тие се предизвикани единствено од преголем стрес. Појдете на лекар колку да ја смирите совеста и одмарајте доста.

ЛАВ

Работа: Сонцето во Бик ви отвора убави шанси да ги завршите почнатите проекти и тоа со голема помош однадвор. Сепак не ги раскажувајте своите импресии и имајте трпение и мир.
Љубов: Полната Месечина во Скорпија ги нагласува емоциите и најдобро ќе биде да не правите преголеми реакции. Поставете јасни граници кој до каде може да оди и бидете среќни.
Здравје: Можно е да ги потиснувате своите емоции, а што ќе му наштети на вашето здравје. Избирајте ги своите битки и избегувајте ги колку што може. Прошетка во парк, барем и за минута!

ДЕВИЦА

Работа: Без оглед со што работите, сега е многу важно да бидете фиксирани на целта и вредно и методично да си ја завршите работата. Малите грешки може да направат хаос – фокус!
Љубов: Ретроградните планети во Јарец укажуваат на одредена стагнација и досада во личните врски – разговарајте за тоа што им е потребно на саканите, но и вие изразете ги своите потреби.
Здравје: Сега треба да сте во добра кондиција, под услов добро да се храните, одмарате и рекреирате. Внесете додатоци во исхраната, минерали и витамини и спијте доволно. Одмор!

ВАГА

Работа: Оваа недела се соочувате со можна романса на работното место – ова не е нужно лошо, но се прашувате дали е добро да ги мешате задоволството со должностите? Воздржување!
Љубов: Работите се испреплетуваат и може да очекувате одолговлекување во љубовниот живот. Сепак размислувајте позитивно и дружете се со повеќе луѓе. Желби и надевања. Пауза.
Здравје: Најдете време да го сакате своето тело и да му пружите соодветна нега и грижа. Сега е многу важно да си ја вратите самодовербата и добросостојбата. Ако ви треба помош, побарајте.

СКОРПИЈА

Работа: Полната Месечина во вашиот знак ја потенцира вашата итност да го смените работното место или атмосфера – верувајте ѝ на интуицијата и разговарајте со некој околу ова.
Љубов: Се прашувате дали да ја завршите сегашната врска – размислете за ова подобро и подолго. Кога се соочуваме со предизвици, најтешкиот дел е да останеме и да ги решиме. Мир.
Здравје: Не им дозволувајте на емоциите да ви го комплицираат здравјето – центрирајте се себе си, своите ставови и така ќе ја вратите добрата кондиција. Имате моќ да господарите со мислите

СТРЕЛЕЦ

Работа: Со Венера во Близнаци некоја рационална колешка ве фрустрира – може да доживеете препреки и одолговлекувања кои не треба да ги сфаќате лично. Одмаздување.
Љубов: Доколку свекрвата ви се меша во врската, обидете се да ја направите сојузник, без оглед што чувствувате и мислите за неа. Можно незадоволство или неверство, но и доминација.
Здравје: Вашето здравје треба да е добро, а доколку имате потреба од консултација, можно е да наидете на женска личност која ќе ви помогне многу. Умереноста е лек за сѐ. Релаксација.

ЈАРЕЦ

Работа: Марс во вашиот знак укажува дека ќе се појавуваат нови можности на ова поле, а за кои ќе треба да бидете отворени. Спремете се и направете тактика за промени во кариерата.
Љубов: Сонцето во Бик ви носи нови шанси и надежи за иднината – сега сте инспирирани и храбри да истражувате на ова поле и вашата врска се издигнува на ново ниво на интимност.
Здравје: Ќе внимавате на главата, очите и забите, грижејќи се за себе добро и одговорно. Сега ќе сте во добра кондиција, а ако чекате резултати, тие би требало да се со позитивен исход.

ВОДОЛИЈА

Работа: Со Полната Месечина во Скорпија се соочувате со потреба за менување на тактиката или со избор за менување на работното место. Сега имате добри идеи за колективот.
Љубов: Венера во Близнаци и вие сте спремни да почнете нешто ново, а доколку сте во врска, нешто во неа ќе мора да престане. Не се двоумете да искажете што чувствувате – тоа менува сѐ!
Здравје: Сега конечно си признавате дека имате нездрави навики кои треба да се менуваат – грижете се добро за себе и така и останатите околу вас ќе се чувствуваат подобро. Рекреација.

РИБИ

Работа: Полната Месечина во Скорпија ќе ја зголеми нејаснотијата на ова поле – разговарајте со авторитетите за да ги разјасните потенцијалните дилеми. Бидете внимателни.
Љубов: Вашите емоции се нагласени и работите може брзо да се вжештат. Доколку е потребно, направете мала пауза и дајте си време за осаменост. Верувајте ѝ на својата интуиција – таа не греши!
Здравје: Вашите чувства се јасен показател што е сега најдобро да правите – ако не се согласувате со советите на својот доктор, побарајте друг специјалист. Верувајте си себеси. Мир.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]