Детален дневен хороскоп


ОВЕН: Се чини како вашите стрели да ја промашуваат целта за сосема малку и сега ќе треба да направите нова стратегија. Соберете сила, бидете решителни, користете ја својата моќ на убедување и набљудувајте. Дејствувајте со прецизност.

БИК: Јасно дефинирајте што сакате – дали е тоа љубов или имот? Владеење со себеси и јакнење на волјата? Уживајте во добрата среќа, но сетете се да ја споделите, бидејќи знак дека вие сте добро е кога се грижите и за останатите.

БЛИЗНАЦИ: Огромен пробив во перцепцијата на реалноста – откривате клуч за свој развој и ова е коректен тајминг. Исходот е неизбежен, но е непредвидлив. Отворете се и направете откритија и солуции погледнувајќи ги луѓето поинаку.

РАК: Она кон кое што се стремите да бидете, вие веќе сте! Сега е време за полнење на батериите и регенерација – можеби треба да се повлечете од ситуациите, но направете го тоа со сила, а не поради слабост. Откриени тајни.

ЛАВ: Месечината што се гаси буди потреба да се повлечете од рестриктивните односи – постојат некои работи кои се надвор од ваша контрола. Имате чувство како да се будите од долг сон и ви треба време да си дојдете на себе. Загуби и ќар.

ДЕВИЦА: Погледнете подобро во себе, во длабочините на своето битие, а каде што ќе ги најдете своите најдлабоки потреби и најмоќни ресурси. Испитајте ги новоформираните партнерства, бидејќи пред вас претстои заедничка работа.

ВАГА: Бидете флуидни, јасни и волни да направите промени. Штом ќе го коригирате односот со себе, ќе се смени и ставот кон светот наоколу. Посветете се, издржете и бидете умерени во сè. Само тогаш ќе ја имате саканата насока.

СКОРПИЈА: Имате чувство на блокираност, затоа осигурајте се дека она што го правите е коректната акција. Не постојат пропуштени шанси, туку треба да си признаете дека сите не се за вас. Вашето ќе си дојде во вистинско време. Пауза.

СТРЕЛЕЦ: Ќе биде добро да не се напрегате премногу – тоа може да ви наштети. Дали делувате според стекнатата мудрост или само според своите инстинкти? Завртете се кон себе о почнете да ја цените својата рецептивна страна. Одмор.

ЈАРЕЦ: Поволни резултати се појавуваат од која било работа денес – може е потребно малку повеќе време од очекуваното, но нема зошто да брзате. Секое посеано зрно има свое време на `ртење, зреење и жетва. Уживајте во одморот.

ВОДОЛИЈА: Планирате експанзија – сакате да ја рекреирате својата врска со светот, а за да го сторите тоа, треба да направите инвентар на своите способности, таленти и искуства. Доаѓате до сосема нови комбинации сега.

РИБИ: Имате голема сила, со која што може да завршите сè и да отпочнете нови работи. Ги решавате и разјаснувате тешкотиите и како пеперутка летнувате напуштајќи ја ларвата. Ослободување од рутината и возбуда поради тоа. Среќа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]