“Деспасито“ на Луис Фонси победник на латино Греми наградите


САД-Апсолутниот хит на Луис Фонси “Деспасито“ доминираше на синоќашното доделување на Латино Греми наградите во Лас Вегас и освои награди за албум на годината, песна на годината, најдобро музичко видео и најдобар настап.

Фонси вели дека песната го обединила светот и ги срушила јазичните бариери, а иако пејачот одамна правеше хитови и беше славен во латино заедницата, сега го потврди својот статус и како светска музичка ѕвезда. Главна ѕвезда во спотот е мис Универзум од 2006 година Зулејка Ривера.

Порториканецот Фонси на 24 ноември има закажан концерт во Арена во Белград, Србија.