Десетгодишно дете искасано од кучиња


Десетгодишно дете вчера попладне било искасано од две кучиња на улица „Волгоградска“ во Скопје. Во Полициската станица Карпош синоќа во 20:30 часот Т.С. (50) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17:20 часот, од страна на две кучиња бил каснат неговиот 10- годишен син, при што му биле нанесени видливи повреди – расекотини на двете нозе, соопшти Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.