Денеска пресуда за возачот во случајот „Алмир“
Кумановскиот суд денеска треба да изрече пресуда за обвинетиот Бобан Илиќ, кој во јуни 2016 година со „мерцедес“ удри во тогаш 4-годишниот Алмир Алиу. Во завршниот збор адвокатот Стеван Павлески побара ослободителна пресуда за Илиќ, потеницрајќи дека делото не го извршил со умисла, повикувајќи се на невропсихијатриското и сообраќајно-техничкото вештачење и видео записот, нагласувајќи дека бил вовлечен во конфликтна ситуација од која се обидел да излезе. На почетокот на судењето, адвокатот во име на семејството изрази сочуство до мајката за загубата на нејзниното дете.
Обвинетите изјави дека не се чуствуваат виновни, ниту првообвинетиот Бобан Илиќ кого Обвинителството го товари за „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ниту пак тројцата обвинети за „насилство“, таткото на детето, Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу.
На последното рочиште кое се одржа во средината на март, кумановското Обвинителство го преквалификуваше обвинението против Илиќ од „убиство“ во „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот “.
Обвинетиот Илиќ се товари за прегазување на четиригодишниот Алмир Алиу на 25 јуни 2016 година, по претходна банална расправија со таткото на момчето, во кумановскиот Здравствен Дом на улицата „Борис Кидрич“. Четиригодишниот Алмир почина од здобиените повреди на 1 јули 2016 година.