Дел Пјеро: Роналдо треба да се навикне на италијанскиот начин на игра


Легендарниот италијански фудбалер Алесандро дел Пјеро смета дека Кристијано Роналдо мора да се навикне и да го научи начинот на игра во Серија А.

Роналдо ова лето од Реал Мадрид премина во Јувентус и досега на трите натпревари во италијанскиот шампионат се уште нема постигнато гол.

–  Во Италија повеќе играчи се враќаат во одбрана и затоа е посложено и потешко за напаѓачите. Роналдо во моментов се запознава со начинот на игра во лигата. Меѓутоа, Јувентус треба да биде среќен што победи на сите три натпревари без головите на Роналдо или Дибала, истакна Дел Пјеро.

Роналдо летово се пресели во Торино со трансфер во висина од 105 милиони евра и потпиша договор до 2022 година.