Делата на хрватскиот уметник Фрелих во МСУ


Во Музејот на современата уметност во Скопје, вечерва во 20 часот, ќе се отвори самостојна изложба на хрватскиот уметник Владимир Фрелих насловена „Black Row Memory“.

Нештата што не опкружуваат и со кои сме во некаков вид на односи, оставаат во нас емотивна трага. Колку и да сме индиферентни кон одредена работа или, пак, субјективно заинтересирани, на крајот се може да се сведе на две категории: на нашиот позитивен или негативен став…

Според уметникот, поединци, општества, институции, села, градови, држави, секојдневно ги отфрлуваат деловите од својот мемориски и материјален идентитет, градејќи за себе утописка, епско-идеална слика во огледало.