Девојче фрлено од прозорец во училиште во Аеродром


Во полициската станица Аеродром Е.Ц. (50) денеска пријавил дека на 28 септември во училиште во Аеродром се случило насилство.

Како што соопшти МВР,  пријавено било дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја.

Девојчето се здобило со телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.