Девојката што скокна во Вардар е задржана на психијатрија


Од водите на Вардар, во центарот на Скопје денеска беше спасена М.А. (27), откако се фрли во реката.

М.А.  според последната информација е прегледана и задржана на психијатрија. Доктор Влатко Алексов за Фокус потврди дека таа е во стабилна состојба.

„Кога ја донесоа веднаш и беше извршен преглед по што беше утврдено дека е во стабила состојба со лесна хипотрермија. По препорака на докторот, таа е задржана на психијатрија за да и се следи состојбата“, кажа доктор Алексов.