Движење БЕСА: Ова беше сценариото за уништување на БЕСА


Денес го комплетираме скандалот со фалсификувањето на документите на БЕСА, кој го направил поранешниот претседател, сега веќе фалсификаторот Билал Касами.

Ако јавноста внимателно ги има следено имињата кои фалсификаторот Касами ги поднел на суд целосно тајно, многу лесно може да го разбира сценариото. Всушност, цели два месеца пред да се случи разрешувањето, кога многу луѓе со добра волја сеуште го молеа да попушти и се надеваа дека тој ќе има милост за спасувањето на БЕСА, тој заедно со Арјанит Хоџа, Кастриот Реџепи и Фадил Зендели – чувствувајќи дека се малцинство во нивната уништувачка агенда – го подготвиле сценариото на уништувањето на БЕСА, менувајќи ги имињата на членовите на Централниот Совет. Тие внимателни ги избрале лојалните имиња на овие четири фалсификатори, ги поднеле на суд како членови на Централниот Совет и се надевале дека така ја завршиле нивната агенда. Но, лисицата не успеа целосно да ја скрие својата опашка. Ова сценарио се откри и, освен неуспехот од реалното мнозинство во Советот и во Централното Претседателство, тие многу брзо ќе треба да одговараат и пред судот кога ќе се соочат со кривична пријава.

За да и биде јасно на јавноста кој колкав дел споделил во оваа сценарио за фалсификување, ви ја претставуваме целосната слика на фалсификувањето.

Одиме по ред:
1. Фадил Зендели, одлучил во овој список да се застапува со:
– Куртиш Салија од Гостивар
– Дервиш Алими од Кичево

2. Арјанит Хоџа, освен самиот себе, во сценариото на фалсификувањето ги ставил и овие имиња:
– Илир Хоџа од Карпош
– Дритан Рамадани од Куманово
– Амир Бајрами од Арачиново

3. Кастриот Реџепи во оваа сценарио добил најголем дел од фалсификувањето, поставувајќи неколку лица од својата верска група:
– Авни Салији од Липково
– Бесник Идризи од Бутел
– Мухамед Цури од Шутка
– Фахрудин Ибрахими од Сарај
– Реџеп Латифовски од Студеничани

4. Додека другиот дел од фалсификувањето му останал на Билал Касами. Тој ги запишал овие имиња:
– Нуредин Деари од Боговиње
– Бурхан Абази од Тетово
– Семир Аими од Скопје
– Џемил Фејзулаху од Крушево

Сакаме да нагласиме дека, додека активистите на Беса во Чаир се соочуваа со третиот круг на локалните избори (14 ноември), ризикувајќи го и својот живот, овие лица на чело со поранешниот претседател на 15 ноември поднесуваа во судот документи за уништување на Беса. Но, срамот не се јаде си шеќер.

Нам ни е жал за вознемирувањето што го доживува гласачот и структурата на Движењето БЕСА, но вистината – колку и да е горчлива – треба да се знае. Ова е сценариото кое го подготвиле овие четири лица, надевајќи се дека така ја остваруваат својата агенда за уништувањето на БЕСА. Но, како што рековме вчера, наместо славата, се здобија со срамот.
Зошто ви требаше ова?!