Движење БЕСА: Здравството во Македонија со хронична болест


Движење Беса преку соопштение упати остри критики на адреса на владата, односно како таа се соочува со проблемите во ресорот – Здравство. Според оваа партија, Здравството и натаму продолжува да биде слабата точка и никако ситуацијата да се поправи. Во продолжение можете да го прочитате целосното соопштение на движење Беса на тема „Здравство“:

„Почитувани граѓани, денеска се одбележува Светскиот ден на Здравјето. Денот кога пред 70 години е основана СЗО и е донесен нејзиниот устав. Карактеристично е што оваа јубилејна годишнина се одбележива со мотото “Универзално здравје- здравје за сите и секаде”.

Според СЗО целта е да на секој човек и на секоја заедница да се обезбеди пристап до здравствена услуга, која-меѓу другото – треба да биде квалитетна, ефективна, безбедна и финансиски поднослива за сите. По овој повод ние-како политички субјект Движење БЕСА, но и јас како лекар сум тука да го поставиме прашањето каде е здравствениот систем во Р.М во однос на овие принципи и стандарди на кои се повикува светското здравство? За жал, податоците се вознемирувачки : потешкотиите со кои се соочуваат граѓаните секој ден при користење на здравствени услуги и статистичките податоците за високата стапка на смртност на новороденчиња се показатели за алармантната состојба што владее во нашето здравство.

Навистина за нас како БЕСА е вознемирувачки фактот дека стапката на смртност на новороденчиња, како показател за нивото на развој на здраватвото во една држава, двостручно го надминува просекот во Европа. Потоа недостатокот на лекови секој месец за хронично болните, присуството на фалсификувани лекови, според некои истражувања и до 40% од увезените лекови, но и лошите инфраструктурни услови во нашите болници како и долгите чекања на пациентите, некогаш и со месеци, за да дојдат до здравствена услуга, се доказ дека, со мали исклучоци, здравството во Македонија продолжува да биде неквалитетно и неефективно, дури слободно може да констатираме дека влегува во една критична фаза на хроницитет.

Од друга страна, поради непогодните услови за работа, загрижува и заминувањето на лекарите од земјата секоја година со растечки тренд, факт што дополнително го ослабува јавниот здравствен систем и го прави уште понесигурно здравјето на граѓаните. Поаѓајќи од ова, Движењето БЕСА смета дека- и покрај фалењето и убавиот и скап ПР што го прават властите- здравјето на луѓето треба да биде сериозно главен приоритет на државата.
Затоа БЕСА ги повикува владата и здравствените институции да ги превземат потребни мерки за рехабилитација на здравствениот систем, со цел граѓаните да го реализираат своето право на квалитетна, ефективна и безбедна здравствена услуга. Без да се санираат овие рани на системот не може да очекуваме подобро здравје на граѓаните.“