Две деца удрени со автомобили


Во три одделни сообраќајни незгоди во средата, во Штип Скопје и Кавадарци, повредени се тројца пешаци од кои две деца на возраст од пет и 12 години.
Имено, во 18.05 часот во двор од куќа на улица „Дузлачки рид“ во Штип, патничко возило „Рено 19“, управувано од С.С.(25) од Штип, удрило во петгодишно дете. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.
Истиот ден, во 13 часот на крстосница од улиците „Антон Попов“ и „Дренак“ во Скопје, патничко возило „Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(53) од Скопје удрило во 12-годишно дете – пешак од Скопје, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Во вторникот пак,  околу 13 часот на паркинг простор на маркет во Кавадарци, непознато моторно возило управувано од непознат возач удрило во пешак В.С.(68) од Кавадарци, по што го напуштило местото. В.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Кавадарци каде и била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.