Два слободни дена за македонските ракометни репрезентативци


Машката ракометна репрезентација за Нова година ќе има два слободни дена во периодот на подготовки за претстојното Европско првенство во Хрватска 2018. Следниот собир селекторот Раул Гонзалез го закажа за 2 јануари.

На подготовките на македонската репрезентација се наоѓаат 21 играч, а според селекторот така ќе се тренира и до последниот ден пред заминувањето за Загреб, односно, списокот на 16 играчи ќе биде познат на последните тренинзи.

Македонија во вториот дел од подготовките ќе одигра и два контролни дуели со Саудиска Арабија и со Србија, двата во Белград.

„Мислам дека два натпревара се доволни за добро да се подготвиме за првиот дуел со Словенија, кој е од голема важност. Добро се познаваме и долго време сме заедно и ќе можеме на тренинзите добро да се воиграме“, изјави Филип Миркуловски.

На Европското првенство во Хрватска, Македонија е во групта Ц и првиот дуел со Словенија ќе го игра на 13 јануари, додека со Црна Гора дуелот е на 15 јануари, а против европскиот првак Германија нашите ракометари играат на 17 јануари.