Двајца старци измамени и ограбени


Двајца старци биле измамени од страна на две лица при што им биле одземени 9.000 и 8.000 денари, информира денеска МВР.

Во првиот случај скопјанката Е.К.Ф.(76) во СВР Скопје пријавила дека на булеварот „Јане Сандански“ во парк, додека седела на клупа и пришло лице на возраст околу 22-24 години и и рекло дека парите кои претходно ги извадила од банка не биле во ред, по грешка и биле дадени, и дека требала да ги врати за да се заменеле.

Потоа лицето водејќи ја под рака оштетената ја поминале улицата, по што и кажал да му ги даде нему парите, а тој ќе ги сменел во банка и ќе и ги врател. Оштетената му дала 9.000 денари и се договориле да го чека кај тениското игралиште, но истиот не се вратил. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во вториот случај скопјанецот И.М.(78) во Полициската станица Карпош пријавил дека на автобуската постојка кај поликлиниката Букурешт бил измамен од лице на возраст од околу 40 години. Имено, оштетениот додека чекал автобус на автобуската постојка му пришло лицето и му рекло дека има некоја грешка во банката каде претходно ги подигнал парите од пензијата и дека треба да се врати назад за да се исправела грешката. Двајцата заедно тргнале да одат кон банката, по што лицето му рекло да му ги даде нему парите, а откако пријавителот му дал 8.000 денари лицето почнало да разговара на телефон и му рекло да оди во банка, додека тој го напуштил местото на настанот.

Кога И.М. стигнал во банката на вработените им кажал за настанот и од нивна страна му било кажано дека бил измамен и да го пријави случајот во полиција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.