Дваесетгодишна девојка од Тетовско киднапирана и претепана


Дваесетгодишна девојка од Тетовско вчера била киднапирана и претепана од две лица, соопшти МВР.

Л.А. од тетовското село Копанце вчера во 16:45 часот пријавила дека околу 10:45 часот во Тетово, додека била во еден трговски маркет од страна на Н.А. од Дреновец и уште едно непознато лице насилно била внесена во возило.

Напаѓачите потоа ја однеле во населба Теќе каде физички ја нападнале, при што и нанеле видиливи повреди.

По ова на оштетената и била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово.

Пријавениот Н.А. е приведен и задржан за целосно расчистување на случајот.