Дачиќ: Разграничувањето е само идеја, поконкретно во септември


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека разграничувањето со Косово е само идеја и дека за поконкретни предлози и за компромисно решение би се разговарало во септември.

– Од септември треба да разговараме за поконкретни работи за она што некој смета дека е компромис. Тие идеи за кои се слушнало не значи дека ќе бидат прифатени – изјави Дачиќ.

Тој рече дека во септември се споменуваат поконкретни разговори бидејќи тогаш започнува Генералното собрание на ОН, а на ЕУ ѝ се брза бидејќи следната година има избори.