Дарувајте крв во Општина Аеродром!


Утре во просториите на Општина Аеродром ќе се организира крводарителска акција. Секој оној што сака да учествува во акцијата, може да дарува крв во период од 10 до 14 часот.

„Вашето присуство може да значи живот“, велат од Аеродром од каде најавуваат дека во акцијата ќе учествува и градоначалникот Златко Марин.

Инаку, ова е прва акција од ваков тип што ја организира Општината, со надеж дека таа ќе стане традиционална. (Д.Т.Д.)