Данска: Двојно повеќе свињи, отколку луѓе


Свињите се најбројна категорија на стока на европскиот пазар, а во Данска има речиси двојно повеќе свињи отколку луѓе, соопшти Евростат.

Таа европска статистичка агенција нагласува дека свињите, кои во Европа ги има околу 150 милиони, ги има многу повеќе отколку што има крави и бикови, кои се околу 89 милиони и втора најголема категорија стока.

Евростат наведува дека 40 отсто од вкупниот број свињи во ЕУ се во Шпанија и во Германија, а има многу и во Франција, Данска, Холандија и Полска.

Данска е единствена држава во која има повеќе свињи отколку луѓе – на секои 100 жители има 215 свињи. Холандија е втора на листата со 70 свињи на 100 луѓе, во Шпанија 63 свињи доаѓаат на 100 луѓе, а по нив е Белгија каде односот е 54 спрема 100.