Дали во Франција ќе се одржи прв референдум во 14 години?


Претседателот на Франција, Емануел Макрон размислува за организирање референдум, што би бил прв во 14 години, и тој да се одржи на истиот ден со европските избори на 26 мај.

Според француските медиуми, Макрон сака да ги праша граѓаните дали сакаат да се намали бројот на пратеници во Парламентот и дали сакаат да се ограничат нивните мандати, за да не може политичарите вечно да прават кариера врз политиката.

Според министерката за Европски работи, претседателот се уште не донел одлука.

Минатата недела, Макрон и сам потврди дека размислува за референдум.

Макрон се соочува со најголемиот предизвик во неговото 20-месечно владеење, последните месеци по насилните протести за цената на горивата и животниот стандард, од демонстрантите наречени „жолти елеци“.