Гугл ќе ги забрани крипто валутите


Гугл најавува дека од јуни годинава ќе забрани објавување содржини кои се во врска со крипто валутите.

Компанијата најави дека нема да биде дозволено рекламирање на такви производи, вклучувајќи и дигитални пари или совети за тргување преку некоја платформа.

Сличен потег најави и Фејсбук, кој претходно соопшти дека ќе ги забрани сите огласи за биткоини и други крипто валути, со цел да се спречи рекламирање и промовирање на нешто што често се поврзува со измама.

– Компанијата Гугл ја ажурира политиката за рекламирање поврзани со финансиски услуги, со цел да забрани какво било огласување на содржини поврзани со крипто валути, изјави директорот за информирање, Скот Спенсер.

Тоа значи дека дури ни компаниите со легитимни понуди за крипто валути нема да можат да ги огласуваат своите производи преку Гугл.

– Немаме кристална топка за да видиме како ќе се развиваат крипто валутите, но видовме доволно штета или потенцијална штета и тоа е област кон која сакаме да пристапиме исклучително внимателно, нагласи Скот.