Гувернерката Ангеловска-Бежоска на средба со бизнисмени


Гувернерката на Народната банка на Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска денеска се сретна со претставници на компании, членки на Стопанската комора на Македонија. На средбата гувернерката и бизнисмените разговарале за тековниот макроекономски амбиент и состојбите во банкарскиот систем, а биле разгледани и проекциите на Народната банка во однос на економската активност, инфлацијата, надворешната позиција на економијата и кредитната активност на домашниот банкарски систем.

Ангеловска-Бежоска истакна дека и овие последни проекции посочуваат на здрави фундаменти на економијата, со потенцијал за раст, без притисоци врз инфлацијата и девизните резерви, коишто се во сигурната зона. Поддршка на економијата се очекува и од банкарскиот систем, којшто и натаму е стабилен, ликвиден и добро капитализиран.