Гуаидо се врати во Венецуела


Гуаидо, кој се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела и беше признат од педесетина земји, пристигна со авион на аеродромот во престолнината Каракас, каде што беше пречекан од свои поддржувачи. Меѓу нив беа и амбасадорите на неколку европски  и латиноамерикански држави.

– Веќе сме во нашата сакана земја! Венецуела, ние само што ја поминавме миграциската контрола и тргнавме кон нашиот град, напиша Гуаидо на Твитер.

Венецуелскиот опизициски лидер ризикуваше апсење, бидејќи излезе од земјата и покрај забраната да ја напушти територијата.

Во порака што ја објави пред  враќањето во Венецуела, Гуаидо го предупреди претседателот Николас Мадуро дека ако се обиде да го уапси тоа ќе биде една од неговите последни грешки.