Грчкото електростопанство ја купува ЕДС на Кочо Анѓушев


Грчката државна компанија за производство на електрична енергија ППЦ (Паблик Пауер Корпорејшн) ја превзема ЕДС групацијата, дознава „Независен весник“.

Според информациит веќе е потпишано писмото со намери за превземање на компанијата за трговија со струја.

Компанијата ЕДС е во сопственост на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а според информациите ЕДС во пакет ги продава сите подружници кои ги има во Југоисточна Европа.

ППЦ е една од најголемите компании во Југоисточна Европа со годишни приходи од над 5 милијарди евра.

ППЦ е во мнозинска сопственост на грчката влада.ЕДС е една од водечките македонски компании за трговија со електрична енергија.

Анѓушев, во октомври минатата година,најави дека ќе ја продаде ЕДС за во иднина, како вицепремиер, да избегнува судир на интереси во работењето на компанијата.