Грците бараат предвремени избори
Според резултатите, 44 проценти сакаат парламентарните избори да се одржат пред мај, а 18 отсто – заедно со локалните и европските избори во мај.
Опозициската Нова демократија и натаму ужива најголема доверба, со 25 проценти поддршка, додека владејачката СИРИЗА е на второ место со 20,3 проценти. На трето место е екстремно десничарската Златна зора, која има доверба на 7,9 отсто испитаници, а по неа следува левичарско „Движење за промена“ со 6,4 отсто и Комунистичката партија на Грција со 5,6 отсто. Другите партии, според истражувањето, нема да влезат во парламентот.
Во анкетата е испитан и ставот на Грците кон движењето на „жолтите елеци” во Франција, па 47 отсто декларирале поддршка за движењето.