„Гринпис“: Македонија во 2018 година втора најзагадена земја во Европа


Анализата што ја спроведоа швајцарската организација „Ај-кју ер“, која собира податоци за квалитетот на воздухот ширум светот, и меѓународната организација „Гринпис“, покажува дека Македонија била втора земја во Европа, според просечната загаденост на воздухот во 2018 година.

Десет града од Западен Балкан имаат трипати повисоко ниво на загаденост, според максималните дозволени вредности пропишани од СЗО. Овие градови се наоѓаат во Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и четири се во Турција.

На ниво на Европа, Македонија е втора земја по загаденост, веднаш по Босна и Херцеговина, која е лидер по загаденост на Стариот Континент за 2018 година. Според градови, повторно лидер на листата е Босна и Херцеговина, но и тука Македонија ја следи, па така Тетово се наоѓа на четвртото место, Куманово и Битола се на седмото и осмото место, а Скопје е единаесетти град по загаденост во Европа за 2018 година.

Њу Делхи, главниот град на Индија, е најзагаден град во светот во 2018 година, според истражувањето на двете мониторинг-организации. По Њу Делхи, каде што живеат 20 милиони луѓе, следуваат главните градови на Бангладеш и Авганистан – Дака и Кабул.

Според истражувањето, загадувањето во Њу Делхи е предизвикано од возилата и индустријата, градежништвото, чадот од домаќинствата и земјоделските отпадоци. Во 2018 година содржината на ситни честички во воздухот е еден кубен метар е 113,5 микрограми во Њу Делхи.

Ова е двојно повеќе во Пекинг, каде што просечната годишна вредност е 50,9 микрограми. Според тоа, кинескиот главен град е осмиот во светот во однос на загадувањето.

Во САД и Канада шумските пожари имаа драматично влијание врз квалитетот на воздухот во август и ноември, и поради ова 5 од 10 најзагадените градови во светот во август се регистрирани во Северна Америка.

Извештајот се фокусира на ПМ 2,5 честичките како репрезентативна мерка за загадување на воздухот. ПМ 2,5 се честички кои се со големина до 2,5 микрони и имаат широк спектар на хемиски состав. PM 2,5 честичките се сметаат за загадувач со најголемо влијание врз здравјето на луѓето.

Поради својата мала големина, ПМ 2,5 честичките можат да навлезат длабоко во човечкиот респираторен систем и оттаму низ целото тело предизвикувајќи широк спектар на краткорочни и долгорочни здравствени ефекти.