Греалка причина за пожарот во стан во Стар Аеродром


Вклучена греалка е причина за пожарот кој избувна попладнево во стан на шестиот кат во новите згради кај Рептил маркетот во Стар Аеродром.

Нема повредени лица, само е причинета материјална штета.

Пожарот е изгаснат, а Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје интервенираше со три возила и девет пожарникари.