Граѓаните помалку се возеле со градски превоз


Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз во третото тримесечје од 2017 година е намален за 3,7 отсто во споредба со истиот период лани, додека вкупниот број на патничките километри е зголемен за 1,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6,8 отсто, во приградскиот за 3,5 отсто, додека во меѓуградскиот е зголемен за 11,7 проценти, а во меѓународниот зголемувањето изнесува 12,6 проценти. При тоа бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 1,7 отсто, во приградскиот е намален за 7,6, во меѓуградскиот е зголемен за 5,2, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 4,6 отсто.

Во однос, пак, на второто тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 19,1 отсто и тоа во градскиот превоз е намален за 15,6 отсто, во приградскиот за 28,7, во меѓуградскиот намалувањето е за 4,4 отсто, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 33,2 проценти. Вкупниот број на патничките километри е намален за 17,3 отсто при што намалувањето во градскиот превоз е за 44,4 отсто, во приградскиот за 40, во меѓуградскиот за 2,5, а во меѓународниот превоз има зголемување од 19,8 отсто