Град Скопје ќе доделува по 3.000 денари месечно за спортисти-средношколци


Градските власти на 100 стипендисти – средношколци ќе доделуваат стипендија од 3.000 денари, со платен персонален данок, во тек на 8 месеци во тековната 2018 година. Јавниот повик за доделување на стипендиите е објавен денеска а ќе трае 10 дена, заклучно со 26 април.

Право на добивање стипендија на овој повик имаат државјани на Република Македонија кои имаат статус на редовен или вонреден ученик во средно училиште на подрачјето на град Скопје, под услов да се жители на Скопје, да се ученици во средните училишта на подрачјето на град Скопје, да се активни спортистки и спортисти, членови на спортски клубови регистрирани на подрачјето на град Скопје и да се регистрирани во националните спортски федерации во Македонија. Неопходно е стипендистите да имаат високи спортски постигнувања во претходната 2017 година и во 2018 година, се до завршувањето на јавниот повик.

Сите заинтересирани повикот можат да го погледнат на веб страницата на Град Скопје, а за дополнителни информации може да се јават и на телефонските броеви 02/3297-238 и 02/3297-320.