Град Скопје: Истражувањето на јавното мислење не е за рејтингот на Шилегов


Градот Скопје ги демантира наводите објавени во одредени медиуми дека јавната набавка „Анкети за истражување на јавно мислење“ објавена вчера (07.02.2018 година, среда) се однесува за мерење на рејтингот на Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Сакаме да нагласиме дека јавната набавка „Анкети за истражување на јавно мислење“ не се однесува на мерење на рејтингот на Градоначалникот Шилегов туку целта на оваа набавка е истражување на јавното мислење за потребите на граѓаните на Град Скопје, зголемување на транспарентноста во работењето, како и вклучување на граѓаните во креирањето на градските политики и одлучувањето при решавањето на градските проблеми.