Градот Скопје ќе вработува административци и пожарникари


Советот на Град Скопје одобри 19 нови вработувања во градската администрација. Со годишниот план за вработување, кој доби зелено светло од советниците, вкупниот број на нови вработувања е 94 лица, од кои 44 во администрацијата и 50 пожарникари, со оглед на тоа дека Советот претходно веќе двапати одобри нови вработувања.

Во декември лани Советот изгласа нови 52 вработувања, меѓу кои за 22 административци и 30 пожарникари, а во март и за дополнителни 20 пожарникари и 3 административци.

Вработувањата на пожарникарите сè уште не се реализирани, а градоначалникот Петре Шилегов го најави конкурсот за наредниот месец.