Грабеж во аптека – со нож и се заканил на вработената


Разбојник ограбил аптека во Скопје  заканувајќи ѝ со нож се на вработената. Како што информира полицијата, вчера околу 20:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во аптека на улица Лука Геров непознат сторител извршил разбојништво.

Тој со закана со нож од вработената одзел околу 35 000 денари, по што побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.