Го запалил со бензин заменик шерифот и зградата на полицијата


Властите во американскиот град Равена во сојузната држава Охајо соопштија дека еден човек го полеал со бензин и запалил заменик шерифот, кога се обидел да го уапси.

Канцеларијата на шерифот на округот Портиџ „објави дека синоќа заменикот добил сериозни изгореници во Рутстаун Тауншип, околу 90 километри јужно од Кливленд.

„Акрон Бикон џурнал“ извести дека за палењето и обидот за убиство е обвинет 45-годишниот Џеј Бренон и дека тој ќе се појави пред судот денеска попладне по локално време. Неговиот адвокат одби да го коментира случајот.

Од канцеларијата на шерифот соопштија дека Бренон, исто така, запалил лименка и ја фрлил во просторијата со полицајци со цел за да избегне апсење, а полициската зграда била запалена и оштетена.

Повредениот заменик се наоѓа на лекување во болницата Акрон.

Полицајците се обидувале да го уапсат Бренан поради обвинение дека прикривал докази.