Гонзалез: Фаворити сме, но тоа мора и да го оправдаме


Македонската машка ракометна репрезентација денеска го одржа првиот собир пред претстојните квалификациски натпревари против селекциите на Турција и Грција. Селекторот Раул Гонзалез е оптимист и смета дека нашите црвено-жолти се фаворити, но таа улога мора да ја оправдаат и на терен.

„Фаворити сме, но мора да работиме напорно и да ја оправдаме таа улога. На овие натпревари во тимот го немаме Филип Миркуловски, но имаме повеќе играчи кои ќе добијат доверба“, истакна Гонзалез.

Репрезентативците со Турција ќе се сретнат в четврток во Битола, а во недела ќе и гостуваат на Грција во Кожани.