„Голока“ и „Токсиколози“ со прва заедничка колекција за скопските хип-хопери


Вечерва во  „Концепт 37“ во 20 часот ќе се случува промо забава на “street wear’’ брендот „Голока“ од Бугарија, кои за прв пат ќе се претстави пред скопската публика со својот бренд.

Дизајните што ќе ги презентираат се рачна изработка од страна на познати графитџии и дизајнери од Бугарија како Nasimo, Galen Zhelyazkov – Omerta и други.

„Голока“ ќе ги презентира своите кул дизајни на облека – маички, капи, блузони итн. Постојат повеќе од 5 години и се афирмиран ”Street wear” бренд кој има продажна мрежа во Бугарија, Канада, Чешка…

Заедно со домаќините „Токсиколози“ – Џоле, Сиги и Кацар, ќе ви ја претстават и првата соработка со скопските хипхопери, односно новата линија на маици – Токсиколози едиција.

Зад грамофоните ќе биде DJ Drazi Drags, а зад микрофоните Токсиколози и Gerata (BG).